Риба со компир и спанаќ

 

 

Знаете дека е потребно да се јаде често риба, еднаш до два пати неделно, велат сручните лица.   Колку тоа го практикуваме, зависи од многу причини, но секако советот е добар.

Продолжи со читање “Риба со компир и спанаќ”

Пржени суви пиперки со траано-тарана

 

Реков дека сувите пиперки ми станаа главна состојка, главна храна, секогаш во комбинација… Едноставно ги обожувам.

Јас сум Македонка, верувам и во едни поинакви креации на храната, верувам во трансформацијата на храната, за да не се фрла, за да се искористи максимално, а да се создаде превкусно јадење!
Трансгенерациска порака 🙂

Често моите оброци се токму такви!

Кога ќе остане од оброкот, предизвик ми е да направам комплетно ново јадење.

Токму така настана и оваа јадење, инспирирано од традицијата.
Рецептот за тараната може да го видите овде, доколку ве интересира.

Продолжи со читање “Пржени суви пиперки со траано-тарана”

Пржено сирење

 

За сите кои не постат, едно преубаво саботно јадење, брзинско, а вкусно.

Инаку денес е Тодорова сабота, ден кога момите и ергените се аресувале на овој ден, порано!
Сите се излезени на пазар, а младите си флаат око, се бендисуваат, стара традиција која се одвивала на Корзото во Струмица. Девојчињата стоеле пред Градската аптека, а момчињата на скалите на Градскиот Одбор… И од сите околни села на тој ден доаѓале да се аресат. Продолжи со читање “Пржено сирење”

Пржени суви пиперки

 

Жал ми е што немам големо искуство со сувите пиперки, најолем дел од животот не сум ги користела, затоа сега гледам да надокнадам. Традициите во моето семејство бараа поинакво подготвување на пиперките. Баба ми сушеше домати, но не се сеќавам на пиперките, моите родители не сушеа и не купуваа, а јас негде од 2000 година им се посветив.
Револуционерна година за техниката, а за мене враќање кон корените за пиперките 🙂

Од досега пробаното, потпечени, варени, пржени, најмногу ми се допаѓаат пржени во малку брашно. Па и потпечени во брашно.

Еве едно брзо приготвување, вкусот не може да ве остави рамнодушни! А тек мирисот, ммм…

Продолжи со читање “Пржени суви пиперки”

Печен компир и праз

Уште сме кај компирот… Еве една преубава комбинација со праз 🙂

Продолжи со читање “Печен компир и праз”

Компир на кришки

За љубителите на компирот еве еден наједноставен начин, вкусен и декоративен компир.
На француски е gratin, но обавезно со некој крем, а сега и кај нас е актуелен компир хармоника, во сите варијанти…
Секогаш и секаде, ако не е компир, патати ќе е, обожуваме 🙂

Продолжи со читање “Компир на кришки”

Моите кекси

 

Неодамна без воодушевена од едни бисквити и ме фати мерак да пробам да ги направам сама. Немам рецепт, но состојките воглавно се напишани на опаковката. Малку импровизирав по мој вкус и задоволна сум многу, за мене тоа се едни од најубавите кекси кои сум ги пробала воопшто.
Не знам кој е вистинскиот збор за кекси како овие, ние така велиме дома.

Продолжи со читање “Моите кекси”

Модар патлиџан и млад компир

И овој рецепт е едноставен, повеќе е комбинација, но треба да оставиме трага и за вакви едноставни јадења. Модрите патлиџани за нас Струмичани се присутни секогаш кога ги има, во најразлични комбинации…

Продолжи со читање “Модар патлиџан и млад компир”

Пржен млад компир

Покрај другите рецепти ќе има и предлози за посни јадења, со напомена да си ги прилагодите на ритамот на постите.

Ова и не е некој рецепт, сите знаете да испржите компир, но ете сега го видов младиот компир и ќе почнам со него, време му е…

Продолжи со читање “Пржен млад компир”

Бел грав, фасуљ-Чист Понеделник

 

Во понеделник после Прочка, започнуваат Големите пости. Се вари бел, посен грав.

Во Струмица имаше преубава активност, целиот еснаф се собираше, пред дуќаните се вареше грав или се носеше од дома, а заеднички се јадеше. Не знам кога точно започна таа активност и не знам дали уште се практикува… Сите кои поминуваат, можат да се приклучат на импровизираните трпези, заедничката трпеза е пораката.

Истиот бел грав се јаде и сервира и на Тримери.

Самиот ден се нарекува Чист понеделник и е првиот ден од Тримери.
Денеска исто така се чисти и пере домот, се тријат тави и тенџериња, со тоа се чистат злите духови и се пречекува доаѓањето на пролетта. Така било некогаш, а денес се практикува…
Не сум детално запознаена, ќе ми простите ако нешто сум погрешила, посебно на делот со зејтин и без зејтин.

Она што го знам е дека гравот се јаде со маслинки, секогаш, а и се пржи риба.
Таква ни е традицијата.

Ќе ви презентирам бел грав како јас го правам, а вие прилогодете го на вистинскиот пост, ако не треба зејтин, не ставајте.

Ви посакувам да истраете во Постот, а најмногу ви посакувам вашето  срце да биде спокојно и вашите мисли и зборови да ве красат.

Продолжи со читање “Бел грав, фасуљ-Чист Понеделник”